
НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, по повод 75 години од своето постоење, вечерва ја организира јубилејната изложба „Македонски автори од Збирката на современа уметност“.
Како што информираат од Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид информираат дека изложбата претставува избор од дела на значајни македонски автори застапени во музејската збирка и овозможува увид во неколку суштински линии на развојот на македонската уметност во XX век.
Преку внимателно одбраните дела, публиката ќе има можност да проследи различни ликовни пристапи, поетики и уметнички изрази, од основоположниците на македонската модерна до авторите што ја развиваат современата ликовна мисла во втората половина на векот. Оваа јубилејна изложба е и потврда за континуитетот со кој НУ Завод и Музеј – Охрид со децении ја чува, проучува и афирмира македонската уметност како значаен дел од културната меморија – посочуваат од Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид.
Изложбата ќе биде отворена до 8 јули.

Македонски



