Skip to main content

Јубилеен концерт на Градскиот мешан хор „Вардар“

Градскиот мешан хор „Вардар“

Градскиот мешан хор „Вардар“ вечерва ќе одржи концерт во Музејот на македонската борба за самостојност. Се работи за завршен концерт од проектот „Од Вардар за Вардар“ по повод 25-годишниот јубилеј.

Како гости на концертот ќе настапат: Градскиот камерен хор „Астибо“ –Штип и Градскиот мешан хор „Балтепе“ –Тетово. Диригенти на концертот ќе бидат Јасмина Ѓорѓеска – Каро и Ивана Јанков, а како пијано придружба ќе настапи Андреј Наунов.

Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје во изминативе 25 години во континуитет и со голем ентузијазам неуморно работи и ја презентира хорска музика, како во нашата земја, така и во странство постигнувајќи успеси и добивајќи значајни награди и признанија.

Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Македонија.