Skip to main content

Изложбата „Пурпурна имагинација“ се отвора вечерва во Националната галерија на Македонија

Вечерва во 19.00 часот, во Чифте амам при Националната Галерија на Македонија ќе се отвори самостојната изложба на ликовниот уметник и редовен професор на тетовскиот Државен универзитет, Сафет Спахиу, со наслов „Пурпурна имагинација“.

Ќе бидат изложени педесет дела од овој негов последен циклус на слики изработени во комбинирана техника. Изложбата ќе ја отвори директорот на Национална Галерија на Македонија, Али Синани.

Кустос на изложбата е Маја Крстевска и истата ќе биде отворена до 24.11.2025 година.

Поврзани вести