
Во рамките на фестивалот „Видик“, вчера се одржа прекрасен настан кој ги собра љубителите на илустрацијата, литературата и детската фантазија. Изложбата со наслов „Соѕвездие на детските сни“, во модерација на Бисера Бендевска, ни овозможи да нурнеме во магичниот свет на Ване Костуранов – еден од највпечатливите македонски илустратори и уметници.
Посетителите имаа можност да уживаат во внимателно селектиран избор на илустрации од најубавите авторски сликовници во издание на „Арс Ламина“: „Sвездено дете“ (2018), „Девојче и мече“ (2019), „Девојчето и градот“ (2020) и „Рекичето што сакаше да порасне“ (со текст на Ана Торма, 2022).
Коавтор е и на сликовницата „Мирко Немирко“ (Staško Nestaško), по текст на Ана Ѓокиќ. Автор е и на илустрациите во сликовницата „Јaс“ (Ja), по текст на Даниела Павлек, објавена од Здружението „Креативна мрежа“ во Хрватска. Како илустратор е потпишан и на голем број корици на книги.
Настанот не беше само изложба – туку вистински омаж на детската имагинација и креативната моќ на илустрацијата.