
Во Музејот на град Скопје на 22 септември (вторник) во 19 часот се отвора изложбата „Вредности за незаборав“ на Владимир Гавриловски / Гава – колекција 60 години кариера.
Изложбата претставува избор од накит и украсни предмети од колекцијата на Владимир Гавриловски – Гава, во која секојдневните предмети добиваат дополнителна и значително зголемена вредност преку уметничката обработка, дизајнот и мајсторството.
Ве покануваме да присуствувате на изложбата која го одбележува шестдеценискиот творечки пат на скопскиот кујунџија Владимир Гавриловски – Гава, велат од Музејот на Град Скопје.

Македонски


