Skip to main content

Изложба на Благојче Петровски и концерт на камерниот ансамбл МАКБРАС во Македонскиот културен центар во Истанбул

Во галеријата на Македонскиот културен центар во Истанбул, вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Поема на атомите“ на  уметникот Благојче Петровски.

Како што информира КИЦ Истанбул, изложбата претставува „духовно и визуелно истражување инспирирано од мислата на Руми и од иконописната традиција“.

-Преку минималистички композиции, симболички знаци и внимателно користење на златната површина, Петровски создава тивок, но моќен сликарски јазик кој ја отвора темата за светлината, љубовта и внатрешниот ритам на создавањето. Делата функционираат како контрапункт на современиот материјалистички сјај, нудејќи простор за созерцание и духовна тишина, наведува КИЦ во Истанбул. 

Со оваа изложба, се додава во соопштението, Македонскиот културен центар во Истанбул „продолжува со својата мисија за промоција на современата македонска уметност и автори во Република Турција“. 

Од 19 часот, пак во македонскиот КИЦ Истанбул, концерт ќе одржи македонскиот камерен ансамбл МАКБРАС квартет тромбони, со пијано придружба на Маријана Николoвска.

-Ќе бидат изведени дела од Давид Фердинанд, Семи Нестико, Благој Цанев, Џорџ Гершвин, Франсоа Гуин, Лени Нихаус, Георг Лохман, Астор Пјацола и Бил Холкомб, програма која ги поврзува класичниот концертен израз, џезот и современата музика.

Поврзани вести