
Издавачкиот центар ТРИ објави повик за млади автори, кои со своите оригинални ракописи ќе донесат свежина во книжевниот свет.
Дали твојата приказна чека да биде раскажана? Ние сме во потрага по автори кои со своите оригинални ракописи ќе донесат свежина во книжевниот свет. Ако имаш од 18 до 35 години, ако обожаваш да се нурнуваш во романси, драми или крими-романи, а веќе имаш напишано нешто и го криеш во фиока, прати ни го на [email protected]. До крајот на месецот ќе добиеш повратен одговор од нас. Овој повик е само првиот чекор – за сè останато се слушаме откако ќе се изначитаме сплетки и добри заплети, велат од ТРИ.
Повикот е отворен до 6 февруари.

Македонски




