
Македонскиот Културно-информативен центар во Белград и вечерва беше домаќин на врвни македонски изведувачи, овојпат ансамблот Консонанс кои приредија исклучително камерно музичко доживување.

За нас Македонците се вели дека имаме музичко наследство што е интригантно и инспиративно за целиот свет. Тоа е нашето македонско фолклорно творештво. Но, колку се инспиративни македонските современи композитори и изведувачи се уверувам веќе седум години. Можам да кажам слободно дека нема просечно, неприметно или слабо ниво на современата македонска музика. Ќе бидете и вечерва уверени во тоа – како и белградската публика – со четворицата врвни инструменталисти кои постојат од 2007 година. Како формација имаат настапувано насекаде во Европа, рече директорот на македонскиот КИЦ во Белград, Васко Шутаров.
Вечерва во Белград пренесоа извонреден перфоманс на дела од Чајковски, Стравински, Барток, Чедомирски како и на македонските Б. Цанев (Минијатури за дувачки кавртет) и на Дарко Илиевски (Фугато Б, и Мозаик)

Ансамблот Консонас е основан во 2007 година и посветен на изведување камерна музика. Оттогаш истражува огромни можности пред се на дувачки музички инструменти – флаута, кларинет, англиски рог, бас кларинет како и останати инструменти што често се вклучуваат како концерни гости.
Ансамблот успешно се обидува да ја промовира македонското музичко творештво, но на нивната програма име секогаш застапени и дела од светски автори кои значат многу во полето на музичката уметност.
Во нашата држава се еден од најреномираните претставници на совремното македонско репродуктивно музицирање и членови се на Македонската филхармонија. Ансамблот го сочинуваат Маја Чанаќевиќ (обоа), Здравко Ангелов (кларинет), Сашко Темелковски (бас-кларинет) и Јана Каевска (флејта).

Македонски









