
До 29 февруари во МСУ ќе биде отворена интернационална групна изложба со дела од колекциите на МГ+МСУМ,Љубљана и МСУ – Скопје.
Оваа изложба насловена „Истокот e сè уште можен“, составена од избор на делаод колекцијата „Артист 2000+“ на Модерна галерија и националните колекции од Љубљана, во дијалог со колекцијата на солидарноста на Музејот на современатауметност во Скопјe, се занимава токму со постојано еволуирачкиот сеприсутен потенцијал и визија за трансформација и регенерација, како и постојаното повлекување кон трагедијата на секојдневниот живот.
Таа инклинира кон првото, верувајќи декасè уште има простор за радикално замислување на сегашноста.
Изложбата „Истокот e сè уште можен“ се одвива во два меѓусебно поврзани сегменти,при што секој од нив прераскажува посебни приказни. Сегментот насловен „Покажи ми ги твоите рани (регенерација)“ ги опфаќаприказните за „Телото како простор за отпор“; „Идеологии и субверзии“ и „Иронијатаи апсурдот како стратегии на критичка дистанца“. Телото како простор на отпор. Телото се користи како алатка за изразувањеранливост, контрола и отпор во репресивните режими и социјалните ограничувањана источноевропскиот простор.
Перформансите и акциите стануваат форми на непослушност што ги разоткриваат и ги поткопуваат идеологиите и постојните структурина моќ.

Македонски




