Skip to main content

Гала концерт на платото пред Опера и балет на 5 јули во чест на 200 години од раѓањето на Јохан Штраус

Националната опера и балет на 5 јули годинава организира културен настан „Од МОБ за Скопје“ кој ќе се одржи на Плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред Опера и балет.

Концертот ќе се одржи во чест на 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.

Овој уникатен концерт е организиран во соработка со Австриската Амбасада во Скопје, со поддршка од институциите и приватниот сектор и ќе биде сниман и директно пренесуван на каналот на МРТ1.

Поврзани вести