Skip to main content
Прва културна манифестација во организација на Фондацијата Ацо Шопов

Фондацијата „Ацо Шопов“ организира за првпат културна манифестација на капијата на Лирската воденица во Бургоња, Франција

Во сабота 12 јули за првпат се отвора за широката публика капијата на Лирската воденица во Бургоња, Франција. Прва културна манифестација од овој вид во организација на Фондацијата Ацо Шопов –

Програмата е достапна тука :

Сабота 12 јули

14:00 – Отворање на капијата на Лирската воденица

14:00 -14:30 – Влез -> Ливада
Организаторите и уметниците ја дочекуваат публиката.
Кафетерија

14:30 – 15:15 – Театар на дрвените трупци
Чудната приказна за воденицата што не си го знае името – приказна за возрасни и за деца од Јасмина Шопова базирана на архивски материјал, во соло изведба на Никола Бернар.

15:15 – 15:30 – Ливада
Кафетерија

15:30 – 16:30 – Засолниште на пливачите
Нацртај ми воденица – работилница за деца под менторство на Весна Вујичиќ-Лугаси, специјалистка за светското културно наследство при УНЕСКО.

15:30- 16:00 – Театар на дрвените трупци
Несреќни луѓе ! Која е вашата судба ! или Камоенс нашиот современик – кратко патување низ поезија и проза по животниот и творечкиот пат на познатиот португалски автор на „Лузијадите“ (1572), во изведба на Лука Арико-Кури. Францускиот препев на стиховите му го должиме на Франсоа Рагон, роден во Авалон во 1795 година.

16:00 – 16:30 – Театар на дрвените трупци 
Лирата и кавалот – поетска и музичка изведба, со актерката Никол Ик и флејтистката Гаел Лекок, во чест на Ацо Шопов, „душата на Лирската воденица“.

16:30 – 17:00 – Ливада
Кафетерија

17:00 – 17:40 –  Рекреативен простор -> Мала тераса
Разговори за уметноста
 – Средба со визуелните уметници во нивните изложбени простори.

  • 17:00 – 17:20 – Бенедикт Мубарак : Да му се врати невидливата убавина на скршеното – Либански одблесоци (Изложба на акварели)
  • 17h20 – 17h40 – Бруно Гури: Ефемерна изложба на дела од скулпторот-ковач од Ла Мезон-Дие.

17:50 – 19:10 – Предворје на верандата
Гемеос – концерт на пејачката на фадо  Бевинда и нејзините гитаристи Жил Клеман и Мисја Фицџералд-Мишел.

19:15 – 20:00 – Засолниште на пливачите
Од каде доаѓаме? Кои сме? Каде одиме?  – поздравна реч на „мелничарите“, проследен со аперитив и продажба на предмети поврзани со програмата (акварели, скулптури, ЦД-а, книги, елеци)

20:00 – 21:40 – Ливада
Разиграната воденица – вечера и музика за весело заокружување на првиот ден од Отворената капија на Лирската воденива

21:40 – 22:00 – Ливада
Танц со оган во изведба на Силвана Вучиќ.

22:15 – Затворање на капијата

Недела 13 јули

14:00 – Отворање на капијата на Лирската воденица

14:00 -14:30 – Влез -> Ливада
Организаторите и уметниците ја дочекуваат публиката.
Кафетерија

14:30 – 14:45 – Театар на дрвените трупци
Мајстор столар, мајстор шансониер – омаж на Адам Бијо, поет од 17. век, во изведба на Аријан Бејли и Режис Мејран, со театарската трупа Бахус од Безансон.

14:45 – 15:15  Театар на дрвените трупци
„Од неговиот елек со своите решителни вибрации до корените на неговите мустаќи, сонцето завршуваше со истоварувањето на своите трупци“ – модна ревија на  Лоранс Барато, со музичка придружб на Режис Мејран.

15:15 -15:45 – Театар на дрвените трупци
Миризливиот пантер – поетско читање на луксембуршкиот писател Жан Портант.

15:45 – 16:00  Ливада
Кафетерија

16:00 – 17:00 – Засолниште на пливачите
Нацртај ми воденица
 – работилница за деца под менторство на Весна Вујичиќ-Лугаси, специјалистка за светското културно наследство при УНЕСКО и поставување на изложбата на делата на малите уметници.

16:00 – 17:00 – Театар на дрвените трупци 
Матилда и Гистав – предпремиера во изведба на Марија Вендола и Жан Петреман.
По неодамнешното објавување на „Кореспонденција со Матилда“ од Гистав Курбе (Галимар, 10 април 2025 год.), театарската трупа Бахус настапува во Лирската вденица со извадоци од нивната нова претстава,во подготовка за сезоната 2025-2026 година.

17:00 – 17:15 – Ливада
Кафетерија

17:15 – 18:00 – Предворје на верандата
Концерт  на фадо во  Бевинда и нејзините гитаристи Жил Клеман и Мисја Фицџералд-Мишел.

18:00 – 18:45 – Засолниште на пливачите
Отворање на изложбата „Нацртај ми воденица“ и доделување на медали на малите уметници.  Аперитив и продажба на предмети поврзани со програмата (акварели, скулптури, ЦД-а, книги, елеци)

19:00 – Затворање на капијата


16 route de la forêt
58190 Metz-le-Comte

Поврзани вести