Skip to main content

„Единствен матичен број“ на Лидија Димковска објавен на грчки јазик

„Единствен матичен број“ неодамна доби одлично грчко издание објавено од престижниот издавач „Вакхикон“. Промоцијата се случи на Кипар (простор што е неразделен од дејството на овој наградуван и влијателен роман), а најавени се промоции и во Солун и во Атина.

За Сотирис Минас, преведувачот на романот и посветен вљубеник во македонската книжевност, задачата да го преведе токму ова дело претставувала огромно задоволство. Лидија Димковска изјави дека овој превод е потврда за сè поголемото отворање на двете култури една кон друга и за меѓусебно запознавање на двете книжевности.

Поврзани вести