
11 дела ја продолжуваат трката за наградата „Роман на годината“ за 2025 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Овој потесен избор го направи жири-комисијата во состав: Калина Малеска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Иван Антоновски, Ивана Трајаноска, Иван Шопов и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата).
Втора селекција на конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2025 година
- „Александар јава на запад“, Венко Андоновски, „Три“
- „Тринаесеттиот“, Лидија Димковска, „Три“
- „Необјавен фељтон“, Владимир Илиевски, „Maкедоника литера“
- „Илина и тајните на Бабин заб“, Хана Корнети, „Или – или“
- „11 проверени начини како да ја заебеш љубовта: (роман во раскази)“, Драгана Лукан Николоски, „Чудна шума“
- „Зара Зарина“, Лилјана Пандева, „ПНВ публикации“
- „Кривата Дијана: (роман за верижната вина)“, Фросина Пармаковска, „Арс Либрис“
- „Фобос: деконструиран роман“, Соња Станковска, „Или – или“
- „Три Марии: (роман -басма), Оливера Ќорвезироска, „Арс Либрис
- „Само уште еден скок“, Енис Хилми, „Светулка нова“
- „Повратник со две лица“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“
На годинашниот конкурс пристигнаа дури 46 романи. Жирито во првата селекција одбра 22 наслова. Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција на 13 март што ќе се одржи во просториите на Друштвото на писателите на Македонија во Скопје. Наградата, чиј генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје, а исто така е поддржана и од Министерството за култура и туризам годинава се доделува 27-ми пат. Таа се состои од плакета, уникатна статуетка и паричен износ од 150.000 денари.
Лани наградата ја доби романот „Светот што го избрав“ на Калина Малеска, во издание на издавачката куќа „Или – или“.

Македонски


