Skip to main content

Две изведби на најгледната балетска претстава за деца „Доктор Офболи“ на 31 јануари

Најгледаната балетската претстава за деца во два чина „Доктор Офболи“ ќе биде изведена на 31 јануари во два термина – 17 часот и 19 часот на сцената на Националната опера и балет во Скопје.

Весела, разиграна и полна со фантазија, балетската претстава „Доктор Офболи“ ги води децата низ свет на храброст, пријателство и добрина. Со музика, бои и танц, оваа приказна носи радост и јасна порака дека доброто секогаш го наоѓа својот пат.

Претставата е во кореографија на Михаил Крапивин од Русија, а музиката – на Игор Морозов, а според сказната на Корнелиј Чуковски.

Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на НОБ. Сценографијата е на Живојин Трајановиќ, а костимографијата – на Марија Пупучевска.

Поврзани вести