Искористете ги деновите од викендот и посетете ја Националната галерија, и објектот Даут пашин амам, во кој е изложбата на Вангел Коџоман.
Одлична изложба која дефинитивно вреди да се погледне. Посетителите ќе имаат можност да се потсетат на неговиот живот и творештво, неговите портрети и пејзажи, боите и светлината на неговиот роден крај.
Коџоман ѝ припаѓа на првата генерација академски образовани уметници, заедно со Димитар Пандилов, Лазар Личеноски и Никола Мартиноски, а нешто подоцна и Василие Поповиќ-Цицо, Димо Тодоровски, Томо Владимирски и Љубомир Белогаски, кои се сметаат за основоположници на македонската модерна уметност.
Куратор на изложбата е Александра Зиновски Вилиќ, а ќе биде поставена до 20 декември 2024 година.
Галеријата работи секој ден во неделата, освен во понеделниците, од вторник до недела, од 10-18 часот.
Влезницата чини 100 денари.
Можете да набавите и одличен каталог посветен на оваа изложба и делото на Коџоман по цена од 700 денари.
Националната галерија ве очекува!