Директорите на театрите – членки на Регионалната унија на театри (РУТА) вчера во Белград поптишаа нов петогодишен договор за соработка.
Договорот го потпишаа директорот на Драмски театар Скопје Роберт Вељановски, Белградски драмски театар – Југ Радивојевиќ, Местен театар Љубљана – Барбара Хиенг Самобор, Театар Улисис – Душко Љуштина, Камерен театар 55, застапуван од Ведран Фајковиќ и Центарот за култура Тиват – Горан Божовиќ.
Нов член на РУТА е Центарот за култура од Тиват.
Фестивалот РУТА е основан во 2019 година и е одржува на секои два месеца во еден од шесте театарски центри.