
„Чекори што не згаснуваат“ е насловен концертот на ансамблот „Танец“ во чест на играорецот Симеон Чулев кој почина неодамна. Концертот ќе се одржи вечер од 19.30 часот во Македонскиот народен театар.
Оваа незаборавна вечер е посветена на ликот и делото на Симеон Чулев кој замина прерано. Настанот ќе нè поведе низ емотивна музичка ретроспектива и славење на трајните вредности што тој ги остави зад себе. Велат дека играорците не заминуваат засекогаш, тие само го менуваат ритамот. Симеон не беше само дел од овој ансамбл, тој беше дел од душата на секое оро, секој чекор и секое искрено „Аирлија!“ зад сцената. Со својата посветеност, ведар дух и неизмерна љубов кон татковината, тој остави трага што времето не може да ја избрише, соопшти „Танец“.

Македонски



