
На 28 февруари/сабота/ и на први март/ недела/ од 20.00 часот во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде изведена претставата „Бог на колежот“ на МНТ. Претставата е работена по мотивите на „God of Carnage“ на Јасмина Реза. Адаптација и режија: Весна Петрушевска
Влезниците за претставата по цена од 300 денари се во продажба од денес на билетарницата од Центарот и ќе се продаваат секој работен ден од 11 до 13 .00 часот и од 18 до 20.00 часот и во сабота од 11 до 14.00 ч.
Во претставата играат: Дарија Ризова, Благој Веселино, Ѓорѓи Јолевски, Наталија Теодосиева и децата од актерката школа на Весна Петрушевска.

Македонски



