
Амбасадорите на земјите членки на Франкофонијата во просториите на Europe House Скопје, в среда, на 26 февруари ќе ја претстават културната програма и другите активности во рамките на одбележувањето на Франфонијата во текот месец март и на почетокот на април 2025 година.
Воедно, тие ќе проговорат и за универзалните вредностите на Франкофонијата, важечки не само за земјите членки на Меѓународната организација на Франкофонијата (Македонија е полноправна членка на оваа Организација од 2006 година), туку и за сите земји кои го почитуваат францускиот јазик и јазичниот диверзитет, солидарноста, мирот, демократијата и човековите права како ултимативни општествени вредности.
Пред пристурните ќе се обратат: Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција, Вероник Хулман, Амбасадорка на Швајцарија, Моника Аксинте, Амбасадорка на Романија и Софија Филипиду, Амбасадорка на Грција.
Во присуство на претставниците на земјите членки на Франкофонијата: почесната конзулка на Белгија, почесната козулка на Канада, Првиот секретар во Амбасадата на Бугарија и партнерите на Францускиот институт (Музејот на современата уметност во Скопје, Кинотека, Зегин, Скопје Сити Мол и Синеплекс).