Skip to main content

Актерката Танкица Стојанова избрана за претседателка на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал

Актерката Танкица Стојанова е избрана за нова претседателка на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на неговиот фејсбук профил.

Стојанова е избрана синоќа на состанокот на Организацискиот одбор. Таа е актерка во Струмичкиот театар, активен член на Црвениот крст и препознатлив лик за струмичката јавност од областа на културата.

За потпретседателка на Струмичкиот карневал е избрана Катерина Палифрова – професорка по англиски јазик и долгогодишен учесник во Струмичкиот карневал.

Стариот Организациски одбор беше разрешен од страна на Советот на Општината по предлог на градоначалникот Костадинов веднаш по завршување на годинашното карневалско издание,а по објавениот јавен конкурс се конституираше новиот состав.

Поранешниот Одбор го организираше Карневалот повеќе од 30 години, а од почетокот на неговата организирана форма претседател беше Александар Цицимов. 

Поврзани вести