
СОКОМ го најави 48-то издание на фестивалот ❝Денови на македонска музика❞ Days of Macedonian Music Festival кое ќе понуди разновиден избор на современи дела, премиери и автори, селектирани од годинашниот куратор, композиторот Филип Иванов.
𝟏𝟕 март – 𝟖 април 𝟐𝟎𝟐𝟓
Скопје | Локации: Филхармонија, Музеј на македонската борба, Национална опера и балет
𝟗 концертни вечери, 𝟑𝟎 македонски композитори, 𝟑 авторски јубилеи, 𝟕 ансамбли и повеќе од 𝟑𝟎 солисти
Деновите на македонска музика повторно ќе отворат прашања за релациите меѓу локалното и глобалното, традицијата и современиот израз. Оваа симбиоза ќе биде претставена преку селектираните дела, но и преку интернационални соработки и гостувања што ја ставаат македонската современа музика во поширок контекст.
Програмата на ДММ2025 го нагласува континуираниот развој на современата композиторска мисла, притоа истакнувајќи ја нејзината динамичност и способност да се прилагоди на современите музички текови.
Автор на дизајнот: Владимир Лукаш