Skip to main content

Зошто „кангуто“ вртело низ половина Скопје на денот кога е грабната Вања?

Обвинителството на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски презентираше неколку видеоснимки на кои се гледа возилото „рено кангу“, кое било дадено на користење на партијата Десна, а кое најчесто го возел првообвинеиот Љупчо Палевски – Палчо.

Па, така на денот кога е грабната Вања возилото се забележува во Бутел, па Чаир и низ булеварот „Цветан Димов“ на Бит Пазар, кај ТЦ „Мавровка“, на мостот „Гоце Делчев’ во 6 часот и 29 минути на 27.11.2023 година.

„Кангуто“ од камерите е забележано и на булеварот „Партизански одреди“ кај Соборниот храм во правец на Карпош и врти на улицата „Ленинова“.

Во 7 часот и 31 минути возилото се забележува на булеварот „Илинден“ на раскрсницата со „Наум Наумовски Борче“, односно непосредно каде што е грабната Вања и продолжува право кон Зоолошка градина и раскрсницата со „Рузвелтова“ и се движи кон раскрсницата кај салата „Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Пала“с во правец кај Момин Поток.

Во возилото се гледа едно лице.

Поврзани вести