
Во врска со приведеното лице од Народна банка за кое обвинетиот Велибор Манев во завршниот збор обвинителката Ана Стајковиќ вчера рече дека го уништил синиот ранец со оружје, таа рече дека е отворен нов предмет кој не влијае на оваа постапка.
-За сега нема причини коишто би можеле да влијаат на оваа постапка. Отворен е нов предмет за наводите на обвинетиот Велибор Манев од минатото рочиште. Се работи за разгледување на сите факти и околности за проверка на неговиот исказ од минатиот пат. Тоа е нов предмет. Ние го водиме предметот, рече Стојковиќ.
Лицето Зоран Давитков беше посочено од страна на Велибор Манев дека по барање на Палевски, а по негово јавување, го зел синиот ранец кој Палевски секогаш го носел со себе и во кој се верува дека биле Моторолите и пиштолот со кој се убиени Вања и Панче. Давитков даде исказ но не е познато што открил и дали го уништил ранецот или пак некаде го фрлил.