Skip to main content
Голема полициска акција за криминал тежок над седум милиони евра

Во Липково се гони организирана група за даночно затајување на фирми кои продаваат нафтени деривати

Голема полициска акција на Управата за финансиска полиција во општина Липково, Куманово и Желино– претреси на повеќе локации, сомнение за злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама и перење пари.

Во раните утрински часови полициски екипи од Управата за финансиска полиција упаднале на неколку локации во општина Липково, Куманово и Желино, каде во моментот се вршат претреси.  

Акцијата е резултат на подолга истрага за постоење на организирана криминална група која, според првичните сознанија, се сомничи за злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама, перење пари и други кривични дела поврзани со финансиски криминал.

Неофицијалните информации говорат дека се работи за фирми кои се занимаваат со набавка и продажба на нафтени деривати кои се сомничат за сторен криминал тежок над 7 милиони евра. Детали за акцијата се најавуваат по нејзиното завршување, во текот на денот.

Поврзани вести