
Денеска во Грција е упасен македонски државјанин, осуден на 15-годишна затворска казна за извршено убиство во земјава во ноември 1997 година, а по кој имало распишана европска потерница, уапсен е во грчкиот град Катерини.Станува збор за 60-годишен државјанин на Македонија, кој веројатно по убиството побегнал во странство и живеел во Бугарија и Турција.
Сторителот делото го извршил во во ноември 1997 година, а жртва бил 37-годишен македонски државјанин.

Сторителот тогаш, наводно предизвикал сообраќајна несреќа, а кога жртвата излегла од возилото го нападнал со оружје.
Станува збор за Ацо Боцевски викан „Циганот“ кој се бара по наредба на Основен суд Скопје І од 30.06.1998 година за издржување казна затвор во траење од 15 години за извршено кривично дело по член 123 (убиство) од КЗ на РМ.