Skip to main content

Вчера најмалку се почитувале правилата за прописно паркирање

Напоредно со превентивните активности од областа на безбедноста на сообраќајот кои што речиси секојдневно се реализираат преку надлежните полициски служби во сите сектори за внатрешни работи на МВР, продолжуваат и интензивните сообраќајни контроли на патиштата низ државата, соопштуваат од полицијата.

Така вчера (17.02.), во рамки на активностите на полициските службеници за 796 учесници во сообраќајот беа издадени платни налози, а од друга страна наплатени беа 500 платни налози. Дури 338 од овие прекршоци вчера се однесуваа на неправилното паркирање, а во 145 случаи стануваше збор за непочитување на пропишаната брзина на движење.
Од друга страна пак по однос на прекршоците по основ на неносење сигурносен појас и и говорење на мобиен телефон при возење, евидентирани беа 50, односно 31 прекршок. Полициските службеници детектираа 58 лица што учествувале во сообраќајот без возачки дозволи, во осум случаи откриени се алкохолизирани возачи, во четири случаи возачи минале на црвено светло, а во сообраќајот учествувале и 15 нерегистрирани возила.

Поврзани вести