Skip to main content

Уште еден малолетник на мотор дел од сообраќајна несреќа

Вчера во 16 часот во Полициската станица Прилеп е пријавено дека на ул.„Цар Самоил“ во Прилеп, мопед без регистарски таблички, управуван од малолетник од Прилеп, паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Прилеп, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Во изминатите две недели животот го загубија двајца малолетни мотоциклисти, а поголем број се повредени.

Поврзани вести