Skip to main content

Улично куче искаса едногодишно дете во неговиот двор, тешко е повредено

Едно и пол годишно дете било нападнато и искасано од улично куче кое влегло во дворот на семејниот дом на семејство од Шуто Оризари, пренесува РомаПрес.

Според сведоштвото на семејството, кучето влегло во дворот додека членовите на семејството биле на терасата. Детето во тој момент било малку подалеку од останатите и јадело виршли. Кога мајката се обидела да го избрка кучето, тоа се нафрлило врз детето.

Во нападот, детето се здобило со повеќекратни каснувања и повреди по целото тело, вклучително и во пределот на лицето, увото и предниот и задниот дел од трупот. Детето веднаш било пренесено во здравствена установа, каде што му била укажана медицинска помош.

Поврзани вести