Skip to main content

Уапсено лице во Берово за противправно одземање возило и безобѕирно управување под дејство на алкохол и без возачка дозвола

Полициски службеници денеска уапсиле лице во Берово за противправно одземање возило и безобѕирно управување под дејство на алкохол и без возачка дозвола, кај кого биле измерени 1,96 промили алкохол во крвта.

Во 01:15 часот денеска на улица „Индустриска“ во Берово, полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода Е.Џ.(25) од Берово. Лицето било затекнато при управување на моторно возило кое претходно било противправно одземено на подрачјето на Берово, а по даден знак за запирање се дало во бегство. По преземени мерки и активности, истото било сопрено и лишено од слобода, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „oдземање на моторно возило“ по член 242 став (1) од КЗ на РСМ. При лишувањето од слобода извршено е алкотестирање, при што биле измерени 1,96 промили алкохол во крвта – соопшти Министерството за внатрешни работи.

Како што посочуваат од Министерството, било констатирано дека лицето управувало моторно возило без да поседува важечка возачка дозвола, со што постои основано сомнение дека е сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од КЗ на РСМ.

Од МВР соопштуваат дека за настанот е известен надлежен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести