Skip to main content
ltfktvGboRg

Уапсени две лица кои извршија разбојништво во продажен објект во Градскиот парк во Скопје

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа лишија од слобода две лица кои малку пред тоа извршиле разбојништво во продажен објект во градскиот парк во Скопје.

Синоќа околу 20:30 часот полициски службеници од ЕИП постапија по претходна пријава за кривично дело „разбојништво”, кое во моментот се вршело во продажен објект во градскиот парк во Скопје. Во моментот на пристигнување на полициските службеници, сторителите се затекнати како излегуваат од маркетот, со огнено оружје во рацете, а од страна на полициските службеници им биле издадени наредби да застанат и да го фрлат оружјето, но разбојниците се дале во бегство, при што полициските службеници испукале неколку предупредувачки истрели и ги стигнале и совладале сторителите, соопштуваат од Министерствпото за внатрешни работи.

Од МВР посочуваат дека двете лица се лишени од слобода и во содејство со ОЈО ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести