Skip to main content

Уапсен вработениот во Народна банка кој Манев го посочи дека го скрил ранецот со моторолите и пиштолот со кој се убиени Вања и Панче

Фрипик

Попладнево е уапсен З.Д., вработен во Народна банка, за кого обвинетиот Велибор Манев сведочеше дека го уништил ранецот во кој бил пиштолот со кој се убиени Вања и Панче. Информацијата ја потврдија од Обвинителството.

„Лицето е лишено од слобода по наредба на јавен обвинител. Се преземаат и други дејствија”, велат од Обвинителството.

Манев ги шокираше сите во судницата кога го кажа името на човекот и каде е вработен.

Ова е последната коцка од сложувалката. Дека ранецот е кај Зоран Давитков, член на Десна, вработен како техничко лице во Народна банка, дознав кога Палевски ми се јави од турската граница и ми кажа да му се јавам на Зоран, за тоа што го зел од канцеларијата, како што се изрази Палевски „пакетот“, да го отстрани од кај него, да го фрли или да го уништи, да не може да се најде. После тоа морав да го известам Палевски дека сум се јавил и сум ја пренел пораката. Тоа е сѐ за фамозниот ранец и за тоа дека лажам за ранецот, иако го има на камери“, рече Манев.

Поврзани вести