Skip to main content

Уапсен возач кој побегнал по сообраќајка

Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар вчера го лишија од слобода Ф.И.(36) од с.Вруток, гостиварско.

По претходно случена сообраќајна незгода во Гостивар, при што управувал патничко возило „фолксваген кеди“ со гостиварски регистарски ознаки, по што го напуштил местото на настанот, полициски службеници го пронашле и по извршена проверка било констатирано дека го управувал возилото без возачка дозвола, соопшти денеска СВР Тетово.

Од таму додаваат дека по насоки од јавен обвинител, возачот е лишен од слобода, возилото е одземено и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани вести