
На 01.07.2025 во 00.40 часот полициски службеници од СВР Тетово на ул.„Илинденска“ во Тетово го лишиле од слобода М.М. (34) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и упатувал закана кон неговиот татко Г.М.(60) од Тетово и неговата мајка, информира СВР Тетово.
По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.