
СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.Ч.(40) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело”.
Како што информираат од МВР, вчера во Куманово, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило во кое биле пријавениот со уште едно лице, при што во возилото биле пронајдени и одземени 28 универзални клучеви за отворање брави и разни алатки за отворање на брави и други предмети

Македонски





