Skip to main content

Уапсен е гевгеличанецот кој со месеци демнел семејство од Скопје

Freepik

Уапсен е 46-годишниот гевгеличанец, кој беше пријавен дека три месеци следел и вознемирувал жител на Скопје и неговите три деца, соопшти МВР.

„На 29.04.2025 во 08:50 часот на ул. „Павел Шатев“ во Скопје полициски службеници го привеле Б.Т. (46) од Гевгелија, со престој во Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „демнење“ по член 144-а од Кривичниот законик. Пријавениот во периодот од 29.01.2025 до 29.04.2025 го следел оштетениот при доаѓање или одење од работното место, како и неговите деца додека оделе во училиште. Против Б.Т. е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје“, велат од полицијата.

Поврзани вести