
Тројца возачи на мотоцикл или мопед се повредени во текот на вчерашниот ден во три одделни сообраќајни несреќи низ Македонија.
Прво, утрото околу 08:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионален пат Скопје-Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(75) од Скопје и мопед „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.Т.(54) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Во 14:35 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Вруток, во с.Здуње, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(44) од Гостивар и мопед со гостиварски регистарски ознаки, управуван од М.Т.(26) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар во Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
Во 17:25 часот во ОВР Ресен е пријавено дека на крстосница од ул.„Кочо Рацин“ и ул.„Христо Герасовски“ во Ресен се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Љ.Н.(22) од с.Дрмени, ресенско и мопед со ресенски регистарски ознаки, управуван од М.Т.(48) од Ресен. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница во Битола. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Ресен.

Македонски



