
На 12.09.2025 во 19:22 часот во полициското одделение во кичевското село Зајас пријавено е дека на шумски пат во атар на истото село, под трактор „универзал“ пронајден е Џ.М.(52) од Зајас.
Од извршениот увид констатирано е дека тој, управувајќи го тракторот, изгубил контрола, паднал и бил прегазен од тракторот.
Лекар од Итната медицинска помош од Кичево констатирал смрт без траги на насилство.