Skip to main content

Трагедија: Почина маж, врз него паднала машина-пумпа за бетон

Фото: МВР архива

На 19.12.2025 во 16:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека врз Х.И.(44) од Либражд, Република Албанија, при изведување работни активности на трафостаница во близина на селото Требеништа, општина Дебрца, паднала работна машина-пумпа за бетон.

Тој со тешки повреди, со патничко возило бил пренесен во близина на аеродромот Охрид, каде бил предаден на екипа од Итната медицинска помош, која констатирала дека Х.И. починал.

Увид на местото на настанот извршија јавен обвинител,  полициски службеници и Државен инспекторат за труд.

Поврзани вести