Skip to main content

Тетовски полицаец фатен како прави далавери со пријавувањето на странски државјани

Полициски службеници од СВР Тетово и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, по добиена судска наредба од Основен кривичен суд- Скопје, вчеравчер извршиле претрес во дом и помошни простории на полицискиот службеник од СВР Тетово И.А.(53) во с. Шемшево, тетовско, а во врска со кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 од КЗ, односно околу пријавувањето и одјавувањето на странци кои престојуваат во државата.

При претресот се пронајдени 27 празни картони за пријавување на странски државјани со печат од МВР, еден куршум, записници за сторен прекршок, платни налози, како и лични документи од странски државјани. По документирање на случајот, против полицискиот службеник ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

Поврзани вести