Skip to main content

Тешка сообраќајна несреќа во Визбегово, 20-годишник удрил во велешанец

Педесет и четиригодишен пешак од Велес се здобил со тешки телесни повреди откако бил удрен од патничко возило во скопското село Визбегово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, несреќата се случила на 9 јануари 2026 година околу 21:20 часот на улицата „4“ во Визбегово, кога патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Р. (20) од Визбегово, удрило во пешакот Ц.Ц. (54) од Велес.

Пешакот со тешки телесни повреди бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде повредите му биле констатирани од лекарска екипа.

На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани вести