Skip to main content

Тешка сообраќајна несреќа, четирицикл удрил во двајца пешаци, повредени се и возачот и сопатникот

МВР архива

Двајца пешаци од Прилеп се здобија со тешки телесни повреди, а уште две лица со полесни, во тешка сообраќајна несреќа што вчера попладне се случи на регионалниот пат Меџитлија – Старавина.

Според информациите од СВР Битола, несреќата се случила околу 16:25 часот, кога четирицикл со битолски регистарски ознаки, управуван од 36-годишниот Н.Ј. од општина Новаци, удрил во пешаците Х.С. (25) и В.Т. (36), двајцата жители на Прилеп.


Ударот бил силен, а пешаците завршиле со тешки телесни повреди. Но, последици имало и за возачот на четирициклот, кој заедно со сопатникот С.Р. (32) од Австралија, се здобил со телесни повреди. Сите повредени биле пренесени во Клиничката болница во Битола, каде лекарите ги констатирале нивните повреди и им укажале медицинска помош.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Битола, а причините за трагичниот инцидент се сè уште предмет на истрага.

Поврзани вести