Skip to main content

Тепачка во Охрид, едно лице тешко повредено

freepik

На 27.07.2025 во 23:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека се случила вербална расправија во угостителски објект на кеј „Македонија“ во Охрид, помеѓу П.Б. од една и Ж.М. и В.М., од друга страна, сите од Охрид.

Подоцна, околу 01:30 часот, на улица „Момчило Јорданоски“ во Охрид настанала физичка пресметка помеѓу П.Б. и Ж.М. во која се вклучиле и други лица, при што Ж.М. со тврд предмет го нападнал Т.П.(30) од Охрид и му нанел тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави.

Поврзани вести