Skip to main content

Таткото на Сара покажа фотографија од претепаната ќерка

Таткото на Сара на денешниот протест во Охрид покажа фотографии од неговата претепаната ќерка со модрици по лицето.

Со фотографија од својата 26-годишна ќерка Сара Ѓорѓиеска, на која се видливи повредите и модриците на нејзиното лице, Љупчо Ѓорѓиески денеска се приклучи на протестот против насилството врз жените и фемицидот во Охрид.

Неговата ќерка на 15 ноември беше брутално претепана, според обвинението, од нејзиното момче Кристијан Корабоски, по што била оставена во бесознание на улица.

„Ова е ќерка ми Сара. Ниту еден родител да не го види вакво своето дете и да не го доживее тоа што ни се случи на нас“, изјави Ѓорѓиески, покажувајќи ја фотографијата од повредената Сара.

Под слоганите „Охрид не молчи“ и „Ниту една повеќе“, граѓани излегоа на улиците за да испратат порака дека насилството врз жените не смее да остане неказнето. Тие побараа поголема одговорност од надлежните институции, навремено постапување по пријавите и ефикасна заштита на жртвите.

текст/видео: 4news.mk

Поврзани вести