Skip to main content

СВР Скопје поднесе кривична пријава против три лица за “загрозување на животната средина и природата со отпад” на Вардариште

СВР Скопје по извршени претреси вчера и денеска на локацијата Вардариште, поднесе кривична пријава по брза постапка до ОЈО Скопје против М.М.(54), А.А.(28) и Ф.А.(41), сите од Скопје поради основи на сомнение дека сториле кривично дело “загрозување на животната средина и природата со отпад” од член 230 став 1 од Кривичниот законик.

Тие подолг временски период се до 02.09.2025 година, на ул.„Зендел Џемаил“ бб во Скопје, создале депонија спротивно на прописите за заштита  на животната средина, со која можеле да предизвикаат значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот или водата и да предизвикаат опасност за животот или здравјето на луѓето.
Тројцата вршеле дејност – откуп на старо железо, метални производи, стари акумулатори и други обоени метали на импровизирани пунктови – отпади на предметната локација, без означена фирма, без да регистрираат правно лице и без да поседуваат соодветна дозвола за вршење на дејност за управување со отпад која согласно закон ја издава Министерството за животна средина и просторно планирање.

Согласно обезбедените докази, постои основано сомнение дека осомничените оставале, фрлале и непрописно транспортирале отпад, создале диви депонии спротивно на прописите за заштита на животна средина, со што влијаеле на квалитетот на почвата и воздухот, но и предизвикале опасност по животот и здравјето на луѓето.

Поврзани вести