
Судијката Соња Кочовска на мајката Невена Спасеска, целата фамилија и адвокатите им забрани да даваат било какви изјави во јавноста или да пишуваат на социјалните мрежи за судскиот случај со старателството над сега петгодишното дете, објави „А1он“.
. Истата судијка освен што сака да наметне цензура, ја прогласи мајката дека врши психичко насилство врз малолетното дете зашто не го давала на таткото неколку месеци. Оваа спорна одлука е донесена по барање на тогашниот социјален работник Гоце Прцулоски кој беше разрешен од случајот и не работи во Центарот за социјална работа поради низа сомнителни и блиски координарани активности со таткото на детето.
Повеќе на А1.он