Skip to main content

Србин удрил во дива свиња на автопатот кај Демир Капија

Freeepik

 Србин кој патувал кон Грција удрил дива свиња на автопат во Македонија. Инцидентот се случил ноќе, во близина на Демир Капија. Според возачор свињата имала околу 50 килограми, а ја удрил на дел од патот каде, како што вели, немало заштитни огради за да се спречат животните да влезат на коловозот.

Телеграф објаци дека во моментот на судирот, дивата свиња одеднаш истрчала на патот, и било невозможно да се избегне, објави Телеграф.

„Не можев ни да замислам дека дива свиња од таков калибар ќе истрча пред мојот автомобил. Видов многу згмечени ежови и помали животни, но нешто вакво… ме изненади“, објавил возачот во објава на Фејсбук страницата Grčka Info.

Била причинета значителна штета на автомобилот, браникот, решетката и радијаторот биле уништени. Протекол системот за климатизација, но како што објаснува возачот радијаторот работел па така патувањето можело да се продолжи со дополнителна претпазливост.

Поврзани вести