
На 20.10.2025 окoлу 15:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на граничен премин Долно Блаце, на излез од паркинг простор од царински терминал, товарно возило „волво“ со приколка со српски национални ознаки, управувано од Ј.Н.(44) од Р.Србија, удрило во објект на царинската управа и оштетило дел од кровот и рампата.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.