
Поради сообраќајна несреќа во прекин е сообраќајот на патот Крива Паланка – Куманово, а сообраќајот се пренасочува по стариот пат.
На 06 март 2025 година од 10:10 часот на патниот правец Крива Паланка – Куманово, на излез од Крива Паланка, поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во прекин и истиот се пренасочува по стариот пат, информираат од Автомото сојузот на Македонија.