
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека се неприфатливи нападите со беспилотни летала врз комерцијални бродови во ексклузивната економска зона на Бугарија во Црното Море.
Таа на платформата Икс објави дека ситуацијата во Црното Море предизвикува растечка загриженост бидејќи цел на нападите се трговските бродови и нивните екипажи.
Два трговски брода денеска беа погодени во ексклузивната економска зона на Бугарија во Црното Море. Тоа се случи само еден ден откако турски брод што превезуваше украинско жито беше погоден и потопен во близина на романскиот брег.
Иако сè уште не се утврдени точните околности на овие инциденти, настаните се алармантни. Нападите врз цивилни бродови се неприфатливи. Целосно сочувствуваме со земјите од ЕУ на источниот брег, истакна Лајен. (МИА)

Македонски


