
Зимското сметање на времето годинава започнува на 25 октомври, кога стрелките на часовникот во 03:00 часот ќе се вратат еден час назад, односно на 02:00 часот.
Според актуелниот распоред, летното сметање на времето во 2027 година ќе започне на 28 март, а зимското ќе започне на 31 октомври.
Сепак, овој распоред не значи дека промената на часовникот двапати годишно сигурно ќе продолжи до 2031 година. Доколку Европската Унија во меѓувреме донесе нови правила, практиката може да биде укината и порано.
Идејата за укинување на менувањето на часовникот се разгледува во ЕУ со години. Европскиот парламент во 2019 година поддржа предлог за прекин на сезонското поместување на часовникот, но земјите-членки не постигнаа договор дали да се задржи летното или зимското време.
Според важечките правила, летното сметање започнува во последниот викенд од март, кога часовникот се поместува еден час напред, додека зимското започнува во последниот викенд од октомври, кога стрелките се враќаат еден час назад.

Македонски


